Многубројните корисници од Македонија кои го избраа Motorola One, смартфонот кој направи вистински бум на пазарот во средната ценовна класа, ќе бидат меѓу првите во светот кои ќе работат на новиот оперативен систем.

Денес, Motorola исполнува едно од ветувањата кои им ги даде на своите корисници и започнува да испраќа ажурирање до Android Pie на сите Motorola Оne уреди низ целиот свет. Новиот софтвер кој ја заменува Oreo верзијата на оперативниот систем, нуди поедноставно и интелигентно смартфон доживување кое се прилагодува на секој поединечен корисник.

Од новите “Интуитивна навигација” и “Последно користени апликации” преку обновениот режим “Не ме вознемирувај” и мени на поставки кое се одликува со своите бои, до очекуваната поголема издржливост на батеријата и софистицираниот разделен екран, Android P ви овозможува сѐ што ви е потребно.

Со Аndroid P доаѓа и обновен дизајн на брзите поставки, поедноставена контрола за јачината на звукот, олеснето управување со известувањата и многу повеќе.

Софтверските ажурирања на Motorola може да се проверат тука, вклучително со деталите за спецификациите по земја и добавувач. Очекуваме ажурирањето до Android P глобално да заврши до крајот на месецот.