windows-10-upgrade-compatprob-640x0

Отсега, секој нов компјутер кој ќе го купите од продавниците ќе биде со Windows 10. Секако, се додека не се потрошат залихите на компјутери со инсталирани 7-ка и 8.1 и производителите не ги вградат сите лиценци кои им се останати, но иднината дефинитивно лежи само во Windows 10, кој ќе биде последниот оперативен систем на Microsoft за компјутерите.

Имено, Microsoft престана со продажба на Windows 7 и 8.1 на производителите на компјутери, почнувајќи од 1 ноември. Интересно, Microsoft требаше да ја прекина продажбата на Windows 7 уште во 2014 година, но популарноста на тој оперативен систем, а особено споредено со просечниот Windows 8.1 ја задржа неговата Professional верзија на пазарот до денес.

Всушност, многу од компјутерите од високите класи наменети за бизнис корисниците се уште се испорачуваат со Windows 7 – Dell на пример има 17 лаптоп компјутери кои доаѓаат со вграден Windows 7 Professional.

Одлуката на Microsoft да прекине да го испорачува Windows 7 на купувачите може да има и негативни последици – скоро 48% од сите Windows компјутери во светот се со 7-ка, двојно повеќе од компјутери со Windows 10, што јасно укажува на тоа дека веќе застарениот оперативен систем и натаму им е омилен на корисниците и покрај тоа што можеа бесплатно да го надградат на Windows 10.

Од друга страна, поддршката за Windows 7 ќе трае до 2020 година, што е доволно време за корисниците да се префрлат на Windows 10, кој пак редовно добива надградби кои го прават се подобар и подобар.

Извор: PC World, Digital Trends, Tech Spot

Претходна статијаШест дена трагаа по бугарскиот велосипедист, но требаше да го најдат побрзо
Следна статијаWindows 10 надградбите во иднина ќе бидат значително помали со новата Unified Update платформа