Concept Creator

Уредите со еластични екрани кои може да се превиткаат конечно ќе ги видиме на пазарот од оваа година. Технологијата е веќе доволно развиена да овие уреди почнат комерцијално да се достапни, иако ќе помине уште некоја година за да овие уреди станат навистина практични за користење и одлични на изглед.

Во главно ваквите уреди се очекуваат од производителите на Android уреди, но повеќе пати имаме читано дека и Microsoft спрема свој уред, кој можеби би го претставил на пазарот.

Проблемот со ваков уред од Microsoft е што нивниот Windows Mobile не помина на пазарот, па плановите за еден смартфон/таблет хибрид, не се баш најпаметната одлука од оваа компанија.

Од друга страна, хибридните уреди кои работат на Windows 10, а започнати со Surface линијата од Microsoft, се многу популарни, па додавање на екран кој се превиткува, сигурно ќе ги направи овие уреди уште поинтересни.

Можеме да замислиме лаптоп компјутери кои се превиткуваат за да се користат како таблет компјутери, лесно преносливи во повеќето ситуации.

Сепак, не мора само Microsoft да работи на свој уред од овој вид за да Windows 10 добие поддршка за ваквите уреди. Затоа од компанијата веќе работат за додавање на поддршка за уреди кои се преклопуваат, а тоа може да се види од кодот кој е додаден во најновите Insider верзии од оперативниот систем.

Ова покажува дека оваа година дефинитивно ќе биде интересна и ќе ги видиме некои од првите и интересни хибридни уреди од повеќето големи производители.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаBluetooth чип кој работи без потреба од батерија ќе овозможи можност за поврзување на голем број на производи
Следна статијаYouTube ги забрани видеата со предизвици и шеги кои можат да предизвикаат сериозни повреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.