Секоја надградба (update) што ја правите на Windows останува на вашиот хард диск. Доколку излезе надградба на нешто што веќе е еднаш надградено, значи излезе нова верзија од надградбата, старата надградба сеуште останува на вашиот диск. После подолг период на користење на Windows и поголем број на излезени надградби, просторот што е зафатен од надградбите може да стане доста голем. Windows ги чува сите надградби во WinSxS папката, меѓутоа не можете само да почнете да ја бришете содржината на истата. Папката може да достигне големина и од неколку гигабајти, па иако во денешно време дисковите се со многу поголем простор, сепак нема потреба да имате непотребни работи.

Microsoft издаде надградба за Windows 7 SP1 која што додава можност во Disk Cleanup алатката да ги избришете старите надградби и со тоа да ослободите голем простор на вашиот диск. Надградбата која што ја додава оваа можност е со ознака KB 2852386 и е со ознака recommended, односно препорачана, но не задолжителна.

win-update-cleanup

Претходна статијаАвтоматско извлекување на текстот од сликите зачувани на SkyDrive во Windows 8.1
Следна статијаMicrosoft ќе ги “рециклира” неактивните email адреси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.