Microsoft

Веќе одреден период се пишува за тоа дека Microsoft работи на развој на оперативен систем којшто ќе биде поразличен во основа од Windows. Информациите не кажуваат дали тоа е иднината на Windows или од компанијата ќе се одлучат за претставување на целосно нов оперативен систем.

Најчесто овој систем можеше да се сретне под името „Windows Core OS“, а Microsoft досега не даваше никакви информации за него.

За време на Computex 2019 тие првпат говорат за овој систем или барем нешто во тој правец, но не употребуваат конкретно име, па го нарекуваат модерен оперативен систем, односно „Modern OS“.

Како и да биде наречен овој систем и без разлика дали ќе го задржи брендот на Windows, сега за првпат имаме некаква претстава што тоа значи и во кој правец Microsoft го гледа развојот и иднината на оперативните системи.

Првиот заклучок од малиот број на информации кои ги дадоа е дека модерниот систем ќе работи на основа на облакот. Тоа значи дека главната работа, односно главната процесорска моќ за работа на системот и апликациите, ќе доаѓа од облакот, поточно од серверите на Microsoft.

Ова е доста важно поради тоа што се повеќе се користат помали и мобилни уреди за работа, па немањето потреба од силни компоненти, а сепак можноста за работа на „сериозни“ програми, повеќе пати досега е говорено во контекст на иднината на компјутерите.

Друга работа која беше истакната, а исто така е очекувана, е поголемата улога на вештачката интелигенција. Од компанијата не истакнуваат многу што тоа би значело за корисниците, но даваат пример за тоа дека оперативниот систем „ќе знае“ што корисникот треба да заврши работа наредниот ден и тој ќе му помогне во тоа, а исто така апликациите ќе бидат подобрени, односно „поинтелигентни“.

Една од главните работи кои исто така покажуваат дека Microsoft планира целосна промена во суштината на оперативниот систем се надградбите. Сега, за надградба на Windows 10, на сите ни е познато дека е потребно симнување на истата, по што за целосно завршување на процесот потребно е рестартирање на компјутерот, нешто што може да трае и до цел час, зависно од карактеристиките на компјутерот, но и на надградбата.

Модерниот оперативен систем ќе се надградува во позадина и корисниците нема да треба да направат ништо. Тие нема да треба ниту да ја прекинат својата работа, а системот ќе ја заврши работата во позадина без потреба од рестартирање на компјутерот.

Ова исто така е показател за иднината на системот во облакот. Главните датотеки ќе бидат во облакот, наместо на самиот компјутер, па рестартирањето веќе нема никаква улога. Ова исто така се споредува со начинот на функционирање на Chrome OS.

Од Microsoft исто така истакнуваат дека модерниот оперативен систем ќе биде многу побезбеден, а на него ќе може да се работи и со пенкалца и слично.

Кога може да се очекуваат барем повеќе информации за овој систем не е познато. Дали овие промени постепено ќе бидат вградени во Windows 10 или можеме да очекуваме некоја тест верзија од новиот систем, исто така не се знае. „Најлошо“ од се, не се знае што и да е тоа што треба да биде претставено, кога може да се очекува, дали до крајот на годината, идната, па дали и повеќе.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei ги повикува САД да го сменат својот пристап кон справувањето со сајбер-безбедносните прашања
Следна статијаИсториски пренос: Samsung, Spin Digital и SES првпат во Европа емитуваа 8К содржина преку сателит
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.