Во најновата Insider верзија од Windows 10, која е во развој за официјално пуштање во октомври, Microsoft тестира нова функција, чиј прв пример не е баш најдобар. Поточно, во наредната верзија од Windows 10 ќе има автоматски вклучена функција за добивање на предлози за апликации, дел од Apps & features делот во Settings. Целта на оваа функција ќе биде да на корисниците им предложува одредени апликации во одредени ситуации, како на пример, при инсталација на некоја апликација.

Прв пример со кој функционира оваа функција е предложувањето да се продолжи да се користи Microsoft Edge кој е наречен и побрз и посигурен, при започнувањето на инсталацијата на Chrome или Firefox.

Ова сигурно не е начин на којшто Microsoft ќе ги „убеди“ корисниците да продолжат да го користат нивниот прелистувач, а од компанијата овој пат најверојатно на време го увидуваат тоа, пред да добие поголема негативна реакција од поголем број на корисници.

Според извори на The Verge, конкретно овој предлог на Windows 10 нема да биде дел од финалната верзија која ќе излезе во октомври, па корисниците може да очекуваат други предлози.

Инаку, Microsoft Edge, иако со секоја наредна верзија станува се подобар, според мене се’ уште има потреба од доста подобрување за да можат да го замени мојот главен прелистувач, Firefox, а верувам дека тоа е случајот и со корисниците на Chrome.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.