Минатата недела, како што беше најавено, Microsoft ја пушти втората за годинава поголема надградба за Windows 10. Наречена October 2018 Update, на корисниците покрај подобрување на перформансите, оваа надградба им донесува и неколку новини поврзани со функциите на оперативниот систем и неговите апликации.

Сепак, како што беше случајот и со минатата надградба во април, корисниците пријавуваат проблем по надградбата, проблем кој е доволно голем за да мора да се прекине целиот процес.

Се работи за бришење на податоци од системот на корисниците, поточно од Documents папката. Доколку во вашиот случај се има тоа случено, можете да се вратите на претходната верзија од Windows 10 преку Settings апликацијата.

Продолжувањето на надградбата за останатите корисници зависи од средување на проблемот, а истиот најверојатно ќе биде овозможен како посебна „закрпа“ на корисниците кои веќе ја имаат инсталирано надградбата.

Некогаш се чини дека Microsoft никако да направи нешто целосно како што треба, а посебно кога е во прашање нивната платформа. Се јавуваат проблеми со надградбите, проектите кои се започнати не ги одржуваат доволно, па се откажуваат и слично.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.