Quiet_Hours_Windows_Phone

Новиот “Inconspicuous” мод на работа, кој гигантот од Редмонд го патентираше во САД, ќе овозможи смартфонот автоматски да го исклучи ѕвонењето и да ја намали светлината на екранот, како истиот би бил помалку забележлив.

Windows Phone оперативниот систем веќе има сличен “Quiet Mode”, кој се активира по желба на корисникот и кој ги исклучува сите нотификации, освен од оние контакти кои корисникот ги има ставено во белата листа. Истиот може да се стави да се вклучува автоматски во било кој дел од денот, како на пример навечер додека спиете, а е дел од интелигентниот персонален асистент на Windows Phone, Cortana.

inconspicuous-mode-patent-fixed

Но, идејата на Microsoft е ова да го прошири во нов мод, кој ќе се вклучува автоматски, зависно од локацијата. Оперативниот систем, за оваа намена, ќе ги користи мобилната конекција, GPS антената, како и WiFi антените, како точно би ја определил локацијата. Системот ќе ги користи и вградениот микрофон и сензорот за светлина, како би ја следел буката и светлината во околината, како и вградениот календар на корисникот.

Така, на пример ако сте во кино, или на театар, мобилниот автоматски ќе го исклучи ѕвонењето и нотификациите, а исто така, ќе ја намали и светлината на екранот и на него ќе ги прикажува само најважните информации и нотификации, како часовникот.

Да потсетиме, на 21 Јануари (утре), Microsoft треба да го претстави новиот Windows 10 за мобилни телефони, во кој, се очекуваат поголеми подобрувања во дизајнот и функционалноста, што значи дека има шанси “Inconspicuous” модот да го видиме во акција.

Извор: Windows Central

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.