Windows Phone 8 Update 3 е наречена третата и последна надградба на оперативниот систем пред преоѓање на 8.1, која се очекува во првиот квартал од идната година. Microsoft реши да направи мала измена во именувањето на овие надградби, па претходните 2 се водеа под името GDR1 и GDR2. Со детали за надградбата Microsoft излезе вчера и покрај тие информации, воведе програма за тестирање наменета за програмерите (Developer Preview Program), преку која што тие ќе може да ги инсталираат и тестираат надградбите пред нивното официјално пуштање. За инсталирање на надградбата преку програмата, симнувате апликација за која што треба да ги исполнувате еден следните три услови:

  1. Вашиот телефон е отклучен за програмери (developer unlocked)
  2. Вие сте регистриран програмер за Windows Phone Store
  3. Или сте регистриран Windows Phone App Studio програмер

Кои се новостите што доаѓаат со третата надградба на Windows Phone 8?

  • Поддршка за поголеми екрани со поголема резолуција, односно 1080p Со оваа поддршка, ќе може да се направат телефони со 5 и 6 инчи, кои досега не беа поддржани. Исто така со поголемата резолуција на поголемите екрани ќе се користи уште еден ред на плочки (tiles), со што вкупниот број на најмалите плочки ќе биде зголемен од 4 на 6.
  • Поддршка за нови процесори како што е Qualcomm Snapdragon 800 quad-core процесорот
  • Подобрено споделување на интернет конекцијата
  • Полесно гаснење на апликациите Додадена е можност за гаснење на активните апликации преку мултитаскинг листата со притискање на новото X копче на секоја апликација.
  • Посебни рингтонови за IM пораки, email, voicemail, потсетници. Исто така е воведена можноста за поставување на посебен рингтон за пораки за секој контакт посебно
  • Подобро раководење со вградената меморија Со новите прилагодувања за вградената меморија полесно можете да ослободите простор и да го раководите привремените фајлови.
  • Заклучување на ротацијата на екранот
  • Режим за возење Не добивате нотификации кога е вклучен овој режим и можност за избор на исклучување на нотификациите за повици и пораки. Доколку додадете Bluetooth уред, при негово вклучување, автоматски се вклучува режимот за возење.

Оваа надградба ќе биде достапна за неколку недели или неколку месеци, зависно од телефонот и мобилниот оператор кој што го користите.

Претходна статијаFoursquare воведе платформа за рекламирање
Следна статијаHTC го претстави HTC One max
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.