surface2

Постоењето на десктоп околината во RT верзијата на Windows 8 е нешто што повеќе предизвика збунување на повеќето корисници отколку посакувана предност.  Претпоставката е дека планот на Microsoft е да постепено ја исклучи можноста за користење на десктоп околината од RT верзија,а единствена причина за постоење на оваа функција е можноста за користење на Office програмите кои се единствената предност што ја нуди Windows 8 RT моментално во однос на конкуренцијата.

Сега Microsoft се трудат да го намалат значењето и помалку да ја нагласуваат десктоп околината во RT верзијата. Тоа го прават со тргање на Desktop плочката (Tile) помеѓу стандардно поставените плочки при нова инсталација на Windows RT, односно при купување на нов Windows таблет со RT ознака. Desktop плочката нема веќе да ја има заедно со другите стандардно поставени плочки, но истата не е целосно трганата. Достапна ќе биде во листата на сите инсталирани апликации, па како и секоја друга апликација ќе може да биде закачена на Start екранот.

Претходна статијаSQRL – Secure QR Login како можна земена за корисничко име и лозинка
Следна статијаФункции тргнати со надградбата на Windows 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.