Заедно со бета верзија од iOS 12, корисниците од оваа недела можат да ја инсталираат и бета верзијата од macOS Mojave оперативниот систем. Apple веќе неколку години им овозможува и на „обичните“ корисници да ги пробаат тест верзиите од нивните оперативни системи, пред истите да станат достапни официјално.

macOS Mojave донесува повеќе новини меѓу кои темен режим, автоматска промена на позадината, организирање на иконите на десктопот и повеќе, а дечките од 9to5Mac имаат спремено одлично видео во кое ги прикажуваат повеќето новини.

Исто како со бета верзијата од iOS, така и бета верзија од macOS може да се симне преку пријавување на официјалната страна од Apple за таа намена. По изборот на оперативниот систем од страната за пријавување, се симнува фајл по што може да се надгради системот исто како да е достапна нова верзија официјално.

Како и секогаш, би предупредиле дека бета верзијата од одреден софтвер е се’ уште во развој, па можни се поголеми и почести проблеми, како при инсталацијата, така и при користењето. Тоа значи дека подобро е да не ја инсталирате доколку немате друг компјутер во случај нешто да се случи, а и потоа ќе треба да знаете да ја реинсталирате официјалната верзија.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаКако ќе изгледа основниот од трите iPhone модели кои треба да бидат претставени оваа есен
Следна статијаКако ќе изгледаат Pixel 3 и Pixel 3 XL од Google?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.