Легендарниот интерфејст на оперативниот систем Lisa, претходникот на Mac се враќа на сцената. Имено, изворниот код е модифициран и чека одобрување од Apple за да им биде „вратен“ на корисниците на десктоп уредите.

Црно-белиот носталгичен дизајн ќе им биде достапен на фановите бесплатно, во текот на 2018-та година. Според Ал Косов од Музејот на компјутерска историја, верзијата која ќе биде достапна ќе биде речиси идентична на онаа од 1983-та.

Оперативниот систем именуван според најстарата ќерка на основачот на Apple, Стив Џобс во своето време чинел неверојатни 10.000 долари. Преведено во денешна вредност бројката е повеќе од два пати повисока. Џобс бил импресиониран од она што го видел при својата посета на Xeorox PARC. Тој решил да рекреира оперативен систем кој ќе биде достапен за просечниот корисник. Lisa може сосема комотно да се нарече предок на секој оперативен систем кој ќе се појави во наредните две декади.

Софтверот бил бавен, меѓутоа револуционерен. Тој е дефинитивно еден од првите кој за командување користи т.н. „глувче“. Како Apple се обидувал да продаде вакво уникатно софтверско решение пред повеќе од 30 години, погледнете на автентичната реклама од почетокот на 80-тите:

Извори: Gizmodo, Engadget

Претходна статијаWeibo: „Протече“ список со смартфони кои ќе работат на Snapdragon 845
Следна статијаIBM предвидува 5 иновации кои ќе го променат светот