Screenshot 2014-01-02 18.13.10

Кога ќе добиете некоја порака или било каква друга информација која што доаѓа во форма на нотификација, односно известување, истото го гледате преку лента која што се појавува од горната страна на екранот. Со притискање на истата се отвора апликацијата од која што потекнува нотификацијата и со тоа имате можност да ја прочитате или да одговорите доколку се работи за таква апликација.

Сепак кога ќе завршите со апликацијата од каде што е дојдена нотификацијата, нема начин како веднаш да се вратите на претходната апликација, доколку имате работено на нешто друго во времето кога сте ја добиле нотификацијата. Концептот што ќе го погледнете во продолжение претставува начин, сличен на тој во OS X 10.9, на прегледување на нотификацијата без притоа да излезете од другата апликација што сте ја користеле, па по завршување на проверката на нотификацијата или одговарање на порака, на пример, системот автоматски ве враќа на претходната апликација, па можете да продолжите таму каде што сте застанале.

Концептот е направен од страна на Sam Beckett и не претставува официјален концепт од страна на Apple, па поради тоа и не значи дека ќе биде претставен во iOS.

Претходна статијаNo More Woof – уред кој ги преведува мислите на животните во човечки јазик
Следна статијаХакнати Twitter, Facebook и Blog сметките на Skype
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.