bennett

Според истражувачката сторија на CNN, гласот што е користен за потребите на Siri е гласот на Сузан Бенет (Susan Bennett), професионален гласовен уметник од предградието на Атланта. Сузан ја потврдува оваа информација и информира дека до сега не била сигурна дали смее да искочи во јавноста со оваа информација. Сепак компаниите задолжени за изработка на гласовите, како и Apple не ја потврдуваат информацијата. Од CNN со цел да ја проверат точноста на тврдењата, ангажираат гласовен експерт кој тврди дека гласот на Сузан и Siri се 100% идентични.

Сузан раскажува како дошло до тоа нејзиниот глас да се користи од страна на Apple. Во 2005 година софтверската компанија ScanSoft побарала услуги од GM Voices, компанија која работи со изработка на компјутерски гласови, да изработи глас за нивниот нов проект. Сузан која веќе соработувала со GM Voices била една од предлозите. Откако им се допаднала и била избрана, Сузан работела читајќи бесмислени фрази и реченици, како што таа ги нарекувала. Со комбинирање на исечоци од тоа што Сузан го кажува, програмерите се во можност да креираат цели зборови и реченици кои потоа се користат како компјутерски гласови на телефоните и слични уреди. Сузан дознава како нејзиниот глас е искористен случајно во 2011 година, кога нејзини пријатели кои го имале новиот iPhone 4S, првиот телефон со Siri, го препознале гласот и ја прашале дали е нејзин. Сузан проверува видеа со гласот на Siri и станува уверена дека тоа е нејзиниот глас.

Дали гласот на Сузан навистина е гласот користен во Siri? Видете го следното видео и кажете што мислите вие?

Извор: CNN

Претходна статијаNokia HERE Maps ќе прави делумно ажурирање на симнатите мапи
Следна статијаSkype ќе воведе синхронизирање на статусот на пораките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.