Веќе две децении, најдобриот оперативен систем за тестирање на сигурносни системи е Linux. Иако постојат разни дистрибуции и верзии на Linux, самата основна архитектура на системот има докажано дека е супериорна, во споредба со Windows или iOS. Причината за тоа е што Linux беше создаден со намера да му даде комплетна контрола на корисникот врз неговиот софтвер и хардвер. За разлика од попопуларните оперативни системи на пазарот, Linux постои за да послужи како совршена и сеопфатна алатка и можеби поради тоа е бесплатен и со отворен код.

kali-home-large-slider2

Најпопуларната Linux дистрибуција за тестирање на сигурност беше така наречениот BackTrack. Овој оперативен систем, кој е всушност длабоко модифицирана верзија на Ubuntu Linux, содржи безброј алатки за пенетрација на мрежа, пробивање на сигурносни кодови, крадење дата пакети од бежични мрежи и слично. Во минатата година, BackTrack проектот беше преименуван во Kali Linux со тоа што неговата инфраструктура беше променета од Ubuntu на Debian, промена која доведе до подобри перформанси и поголема компатибилност на хардвер.

Мотото на Kali Linux e „Што потивки станете, толку повеќе можете да чуете“. Поентата на овој оперативен систем е да се доведат најдобрите алатки за сигурносна пенетрација до сите луѓе еднакво и бесплатно, за сите да можат да се заштитат еднакво. Со Kali можете да видите колку навистина вашата домашна или бизнис мрежа е безбедна, пред некој да има шанси да ја злоупотреби. Со други зборови, овој оперативен систем ви помага да го направите вашиот компјутер „потивок“ за да го заштитите од надворешни напади.

kali-linux-offsec-blog

Можете да го користите Kali Linux без разлика на вашиот сегашен оперативен систем. Системот е така создаден да може да функционира директно од инсталационото CD, така да нема потреба од инсталација, a ако случајно имате лаптоп или сличен уред кој нема CD читач, можете да го инсталирате Kali Linux директно на USB драјв користејки ја бесплатната UNetBootin апликација. Симнете ја инсталацијата на Kali, вклучете го UNetBootin програмот и  селектирајте го вашето USB и локацијата на инсталацијата. По само неколку минути, вашето USB ке биде спремно за користење, а вашиот компјутер ке може да се „подигне“ од него.

За повеќе информации за Kali Linux и алатките кои ги содржи, посетете ја официјалната веб страна.

Претходна статијаDualWingGenerator, нова ветерна турбина инспирирана од летањето на птиците
Следна статијаКако да го инсталирате новиот MIUI на Nexus 7 2013