Fall Creators Update е најновата верзија на Windows 10 која конечно и официјално станува достапна од денес, односно 17 октомври. Ова се разбира не значи дека веднаш ќе можете да ја добиете преку делот за ажурирање на системот, истата како и секогаш постепено им станува достапна на сите корисници.

Покрај другите промени, една од главните во оваа верзија од 10ката е новиот кориснички интерфејс којшто ќе се користи се повеќе во иднина наречен Fluent Design.

Овој нов кориснички интерфејс ќе донесе низа на промени кои во оваа верзија на Windows 10 се сведуваат во главно на воведување на проѕирност на прозорите со ефект на заматеност, нешто што мора да признаеме конечно му дава модерен и интересен изглед на оперативниот систем.

Промените исто така вклучуваат и нови анимации, а сите овие промени се очекува со тек на време да ги прифатат и програмерите на апликациите достапни во продавницата.

Како изгледаат промените во новата верзија може да видите преку официјалното видео објавено од страна на Microsoft, па без разлика дали веднаш ќе ја инсталирате надградбата, подобро да се информирате за тоа што може да очекувате.

Инаку, доколку сте нестрпливи и сакате да ја инсталирате Fall Creators надградба веднаш, а се’ уште не ви е прикажана во Windows Update, истото можете да го направите преку следната страна.

Извор: The Verge, TechRadar

Претходна статијаПаметен билборд ја таргетира својата публика според автомобилот
Следна статијаMicrosoft има работено на Lumia телефон без рамки уште во 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.