После неколку месеци на тестирање на бета верзијата, од денес iOS 7 ќе биде официјално достапен. Ќе можете да го инсталирате доколку имате некој од следните уреди:

  • iPhone 4
  • iPhone 4S
  • iPhone 5
  • iPad 2
  • iPad 3
  • iPad 4
  • iPad mini
  • iPod 5-та генерација

Надградбата може да се направи на 2 начина. Едниот е преку самиот уред со вградената опција за надградба на софтверот, односно over the air или со поврзување на уредот со iTunes. Ви препорачуваме да направите бекап на важните податоци пред да започнете со процесот на надградба. Исто така не е лошо да ги избришете апликациите што не ги користите, а остатокот да ги ажурирате на најновите верзии што се достапни. Направете ажурирање и на iTunes доколку е достапно. Доколку веќе ја имате користено бета верзија, ќе мора да направите restore на уредот за да можете да ја добиете надградбата.

Како и обично надградбата нема да ја добијат сите во исто време, односно постепено ќе биде пуштена во текот на денот и утрешниот. Во Европа се очекува да биде достапна некаде во вечерните часови.

Дали некој од вас веќе почна со надградба и какви се првите импресии за новиот iOS 7 ?

ios interface

Претходна статијаiCloud.com доби iOS 7 редизајн
Следна статијаiOS 7 Најновата верзија на мобилниот оперативен систем на Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.