ios interface

Најновата верзија на iOS е најголемата промена во дизајнот од првото претставување на овој оперативен систем. Тоа се гледа во целосно рамниот дизајн, кои според некои потсетува многу на Windows Phone. Меѓутоа без разлика на одредени коментари, дизајнот изгледа одлично, како и се што Apple го дизајнира, содржи доста текстури и градиенти, транспарентност, кои го прават нешто повеќе од само рамен дизајн.

Покрај различен дизајн iOS 7 ги донесува и следните новини:

Контролен центар (Control Center)

Контролниот центар е направен да ви овозможи брз пристап до функции и апликации што често ги користите. До него се пристапува со повлекување на прстот од долниот дел нагоре додека сте на било кој дел, вклучувајќи го и екранот додека телефонот е заклучен (lock screen). Со тоа добивате брз пристап до контролите за вклучување и исклучување на WiFi, Airplane mode, Bluetooth, Do not disturb, палење на батерија, калкулатор, тајмер и камера, јачината на екранот, контроли за музика.

ios 7 control center

Нов центар за нотификации (Notification Center)

Центарот за нотификации првпат беше воведен во iOS 5. Во најновата верзија е целосно редизајниран согласно новиот дизајн на целиот оперативен систем. Исто така има и одредени новини во функционирањето. До него сега можете да пристапите и додека сте на lock screen-от. Составен е од три ленти, Денес – Сите – Пропуштени. Во денес лентата можете да ги видите сите случувања за тековниот ден, покрај стандардните нотификации од апликациите. Тука ќе ги видите вашите состаноци, родендени, временската прогноза… Имате можност да избирате што сакате да биде прикажано на оваа лента. Во Сите лентата ги имате сите ваши нотификации, групирани по апликации, а Пропуштени ги прикажува сите нотификации кои што сеуште ги немате проверено од моментот на нивното појавување.

ios 7 notif center

Нов мултитаскинг систем

Новиот систем за мултитаскинг е направен да биде попаметен и прилагодлив на вашето користење на телефонот. На пример, доколку имате навика да проверувате што има ново на Facebook секое утре во 10 часот, апликацијата ќе биде ажурирана и спремна во тоа време. Исто така направен е и редизајн на начинот на проверување на вклучените апликации и нивното исклучување. Со двојно притискање на копчето добивате хоризонтална листа на сите активни апликации и истите можете да ги исклучите со повлекување на прстот преку нив.

ios 7 multi

Нов Safari веб прелистувач

Покрај новиот изглед новата верзија на Safari вклучува и унифицирано поле за пребарување и нов изглед на активните табови.

ios 7 safari

Покрај овие новини, iOS 7 ги има и следните:

  • Нови икони и фолдери
  • Динамични позадини
  • iTunes радио сервис
  • AirDrop споделување на податоци
  • Мерач на наклонот во Компас апликацијата
  • Филтри за камерата
  • Нова апликација за фотографии со подобро организирање и менување на сликите
  • Апликација за временска прогноза со анимации
  • Надградена апликација за мапи
  • Надграден Siri сервисот
  • Црна листа на контакти
  • Автоматско ажурирање на апликациите
Претходна статијаiOS 7 достапен од денес. Надградба преку самиот уред или преку iTunes
Следна статија24-тата верзија на Firefox спремна за надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.