Apple ја претстави дванаесеттата верзија од iOS на почетокот од летото, како што тоа го прави секоја година. Официјалната верзија ја очекувавме за оваа есен, со претставувањето на новите iPhone-и, па од оваа недела корисниците и на постарите модели, можат да ја инсталираат најновата верзија од овој оперативен систем.

Како и секогаш, инсталацијата на новата верзија од оперативниот, односно ажурирањето се прави преку Settings, па General и Software Update. Новата верзија можете да ја инсталирате доколку вашиот уред е iPhone 5S или понов, iPad Pro, iPad петта генерација или понов, iPad Air, iPad mini 2 и понов, како и шестата генерација од iPod Touch.

Најновата верзија од iOS, како и секогаш според нас, вреди да се инсталира. Новите верзии покрај нови функции, донесуваат голем број на подобрувања на перформансите, безбедноста, исправка на багови и слично.

Што се однесува до новите функции во iOS 12, се истакнуваат статистика за користењето на уредот, групни известувања, групни видео разговори во FaceTime и повеќе.

Претходна статијаИзбран првиот вселенски турист кој ќе лета со новата BFR ракета од SpaceX oколу Месечината
Следна статијаУште само три дена нѐ делат од најдобриот Викенд во годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.