Просечниот корисник на мобилен уред од новата генерација е навикнат да го исклучува поврзувањето на истиот на Wi-Fi или Bluetooth мрежи, доколку не постои директна потреба од поврзување. Ваквиот стандард се должи на тоа што со развојот на паметните телефони како главен проблем се јавува издржливоста на батеријата, а токму овие функции се едни од главните кои користат добар процент од батеријата со која располага телефонот.

Една од првите работи кои корисниците на iOS ја забележаа, откако беше претставен последниот update со број 11, е неможноста да се исклучат опциите за поврзување на овие две безжични мрежи. Интерфејсот самиот по себе нуди опција за исклучување, меѓутоа софтверот одбива да ја изврши командата и ги држи обете вклучени, речиси константно. Првата работа која им дојде на ум на корисниците на оперативниот систем, но и на пошироката јавност е дека се работи за тн. Bug во системот и дека неможноста да се влијае на оваа функција на телефонот е всушност грешка.

Меѓутоа, кога се работи за Apple, ретко кога доаѓа до грешка, па така, решението за конфузијата која настана е логично, Apple сака уредот постојано да биде прикачен и да ги има на располагање опциите AirDrop, AirPlay, ApplePencil, Apple Watch, Location Service и ред други сервиси за кои е неопходно безжично поврзување.

Ова прашање потегнува низа безбедносни полемики, бидејќи, како што е познато активна безжична мрежа е „главен влез“ за неканетите гости кои можат да му наштетат на уредот или да ги злоупотребат податоците.

За комплетно да го исклучите користењето на Wi-Fi и Bluetooth мрежите потребно е тоа да го направите од главното мени за подесувања. Во секој случај, дури и да го направите претходно наведеното, секое утро во 5 часот по локално време истите ќе бидат автоматски вклучени…

Извори: Vice, Independent

Претходна статијаHuawei Mate 10 Lite ќе има издолжен 18:9 дисплеј и четири камери
Следна статијаMicrosoft и Facebook поставија кабел долг 6.600 км под Атлансткиот океан