Од вчера за корисниците на iOS достапна е нова верзија од оперативниот систем и истата може да се инсталира на компатибилните iPhone и iPad уреди. Најновата верзија ја носи бројката 11.3 и покрај другите промени, ја вклучува „популарната“ Battery Health функција.

Battery Health во основа е нов додаток во прилагодувањата, односно во делот за батеријата од каде што ќе може да се види капацитетот на батеријата, односно нејзината оштетеност поради старост.

Оваа нова „опција“ може слободно да се каже дека е изнудена од страна на „скандалот“, вака да се изразам, којшто излезе во јавноста. Во основа, испадна дека Apple намерно ги ограничува перформансите на постарите уреди поради старост на батеријата. Тоа го прави со цел да го заштити уредот од несакани исклучувања и други појави кои може да се случат поради помалиот капацитет на батеријата.

Се разбира, повеќето не му веруваат баш на објаснувањето на Apple, па имаше и случаеви на поднесени тужби.

Како и да е, од 11.3 верзијата на iOS, корисниците ќе можат да го исклучат ограничувањето на перформансите, па самите да одлучат после тоа дали би сакале и да купат нова батерија, доколку истата е значително оштетена со текот на времето.

Опцијата е во бета верзија за корисниците на iPhone, па со тек на време сигурно ќе и се додадат нови можности.

Покрај оваа новина, iOS 11.3 донесува и нови Animoji за iPhone X, нови известувања поврзани со личните податоци на корисниците, стандардни подобрувања во апликациите од Apple и повеќе.

Целосната листа на промени во iOS 11.3 можете да ја видите на официјалната страна на Apple преку следниот линк.

ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаGalaxy Note 9 оваа година ќе биде претставен порано од вообичаениот период?
Следна статијаПрви импресии – Vivax Fly V1 – Дефинитивно „предобар“ уред кој ќе ве изненади со перформансите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.