dualboot-ubuntu

Ubuntu Touch е мобилна верзија на популарниот open source оперативен систем базиран на Debian Linux, Ubuntu. Истиот сеуште е во развој, па не е достапен за крајниот корисник како дел од одреден производ, иако за тие што се разбираат доволно постои можноста за инсталирање на некои од Android телефоните. Од Canonical најавија дека во 2014 година ќе претстават мобилен телефон кој што доаѓа со инсталиран Ubuntu Touch, иако не најавија кој ќе биде производителот.

Пред официјалното претставување и достапноста на мобилниот телефон, остануваат неколкуте можности за тестирање на оперативниот систем од страна на програмерите и ентузијастите. Оваа недела од Canonical претставија уште една таква можност, наменета исто така за програмерите или за тие што доволно се разбираат во оваа област. Поточно се работи за инсталирање на Ubuntu Touch системот на мобилен телефон кој работи на Android, меѓутоа наместо негова замена со Ubuntu, во овој случај двата оперативни системи ќе работат еден до друг. Оваа можност е веќе позната и популарна за десктоп верзијата од Ubuntu, која што голем број на корисниците ја користат заедно со Windows.

New-Dual-Boot-Shots

Процедурата за инсталирање на Ubuntu Touch не е баш едноставна доколку не се разбирате и доколку до сега не сте направиле root на вашиот Android телефон или немате инсталирано некој од големиот број на custom верзии од Android. Доколку сепак се разбирате во овие работи, инсталирањето е прилично едноставно. Потребно е bootloader-от на оперативниот систем да е отклучен, како и debugging mode да е активирано. Потоа преку fastboot алатката инсталирате скрипта која што ја инсталира Ubuntu Installer апликацијата на Android системот, па преку истата се врши инсталирањето на Ubuntu Touch оперативниот систем. Преку истата апликација можете и да направите надградба на Ubuntu, во случај да е достапна понова верзија, како и преку неа да го рестартирате телефонот во Ubuntu Touch оперативниот систем. Доколку направите стандардно рестартирање на Android, нема да можете да го подигнете Ubuntu системот. Во Ubuntu системот исто така има Ubuntu Dual Boot апликација преку која ќе можете да се вратите во Android системот.

Моментално оваа можност е тестирана на Nexus 4 мобилниот телефон и работи на stock верзијата од Android, како и CyanogenMod и AOSP.

Ова претставува одлична можност за програмерите кои што сакат да го пробаат Ubuntu Touch оперативниот систем, без притоа да го користат како главен систем на мобилниот телефон.

Претходна статијаMicrosoft ја најави Build 2014 конференцијата за Април
Следна статијаYotaPhone доби подобрена e-book подршка за задниот e-ink екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.