Shutterstock.com

Дека еден ден во иднина скоро се ќе биде достапно од нашите мобилни, паметни уреди, јасно ни е на повеќето. Тоа како процес веќе го гледаме со тоа колку често се користат мобилните телефони, нивното користење скоро за сите активности, а тука се и дебитните и кредитните картички кои веќе одреден период можат да се користат преку телефонот.

Од ова што до сега може да се види како тренд, укажува дека и додатни работи кои моментално се користат надвор од мобилните уреди, ќе бидат префрлени и веќе нема да има потреба да постојат во физичка форма или барем веќе нема да мора да се користат.

Google за време на нивната Google I/O конференција која се одржа на почетокот од овој месец, најави дека во идните верзии од Android ќе вгради поддршка за апликации кои ќе можат да додадат електронски документи за идентификација.

За разлика од платежните картички, нешто што секако не е за потценување, документите за идентификација се посложени за имплементација и повеќе погодни за фалсификување. Сепак, за разлика од платежната картичка која е поврзана со сметка и вие користите некаков систем за заштита при плаќање, документите за идентификација треба да овозможат визуелна потврда за нешто, па ризикот од фалсификување е доста поголем.

Од Google истакнуваат дека процесот за воведување на еден ваков систем сепак ќе потрае. Се чека, покрај другото, довршување на ISO стандардот којшто се развива за овие системи.

Според предвидувањата, први кои ќе почнат да го користат овој систем се издавачите на возачки дозволи, а понатаму се очекува и додавање на пасошите.

За некој одлично, за некој „страшно“, но сакале или не, иднината носи време во кое скоро се што поседуваме ќе биде поставено или достапно преку нашите мобилни уреди.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаARM го претстави Cortex-A77 процесорот којшто ќе се користи во наредната генерација на мобилни чипови
Следна статијаPhotopea е одлична алтернатива на Photoshop која работи преку интернет прелистувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.