Shutterstock.com

Веќе со години читаме дека Huawei или размислува или развива сопствен оперативен систем во случај да дојде до некакви проблеми поради кои не би можеле да ги користат системите кои ги користат во своите производи.

До таков развој на настаните до некаде дојде, а на сите ви е познат случајот со ставањето на Huawei на листа од страна на САД, со што американските компании не можат да соработуваат со оваа компанија.

Иако е јасно дека тоа е резултат на трговската војна која се води помеѓу САД и Кина, сепак ефектите на одлуката се големи врз Huawei. По последните преговори помеѓу двете земји се најави делумно олабавување на забраната за соработка, па иако компанијата нема се’ уште да биде тргната од листата, сепак американските компании ќе можат да продолжат да соработуваат со добивање на посебни дозволи.

Во контекст на очекувањата дали Huawei ќе претстави или не сопствен оперативен систем, алтернативен на тој што не може да го користи од некоја од американските компании, односно доколку дојде до тоа дефинитивно во иднина, излезе ново име кое тие го имаат регистрирано во Канцеларијата за Интелектуална Сопственост на ЕУ.

Се работи за името „Harmony“ и иако нема повеќе информации и детали, се истакнува дека е има поврзано со оперативен систем за мобилни и десктоп компјутери, но и паметни часовници и други видови на уреди.

Тоа значи дека Huawei ќе бидат спремни доколку дојде до најлошото, нешто што уште не е случајот, иако изгледа така.

Останува прашањето, без разлика дали ова би било името на оперативниот систем или системи, дали Huawei ќе може да го понуди истото корисничко искуство како досега и да го привлече истиот број на корисници.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаBlack Mirror, сезона 5, епизода 2: Smithereens
Следна статијаНајновата тест верзија од Windows 10 донесува можност за исклучување на лозинките при најавување со Microsoft сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.