Google ги претстави Instant Apps уште пред две години, за да станат пошироко достапни минатата година. Овие апликации, односно можност која може да ја вклучат на своите апликации програмерите, им овозможува на корисниците да ја пробаат апликацијата без да ја инсталираат.

Се работи за просто кажано еден вид на „стриминг“ на апликациите, а за тоа е потребно да се добие линк до нив или да се најдат на Play Store на Android.

Се разбира, за да една апликација може да биде пробана на овој начин, на истата треба да и биде вградена поддршката од страна на програмерот, односно да биде направена како Instant App.

Ваквата можност до оваа недела беше достапна само за апликациите, односно програмерите не можеа да ги направат и своите игри Instant Apps. Ова се менува од оваа недела, па можноста за „стриминг“ со цел пробување се проширува и на игрите во Play Store.

Заедно со овозможувањето за пробување на игрите без нивно инсталирање, функцијата добива и ново, пошироко може да са каже, име. Па така, Instant Apps станува Google Play Instant.

Исто како што беше случајот со апликациите, игрите кога ќе се пробаат, може да се симнат и инсталираат на мобилниот уред.

Бројката на апликации и игри кои се со вградена Instant можност не е баш голема, па за игри листата ги сочинува насловите на следниот линк.

За да може да пробате некоја игра или апликација, до истата треба да е достапно копче Try Now. Не се чудете доколку истото не ви е достапно, кај нас во овој момент не е. Сите нови функции, како и обично, треба време додека станат достапни во целиот свет.

ИЗВОРTechnoBuffalo
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаНаредната верзија од Google Chrome започнува со автоматското блокирање на autoplay видеата
Следна статијаДали треба да се откажеме од 8-часовниот работен ден?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.