Shutterstock.com

Познатиот Project Zero сектор во Google на почетокот од оваа година го има откриено еден од најголемите „хакови“ досега откриени на iOS оперативниот систем на iPhone. Откриените пропусти, коишто се наоѓаат од Safari прелистувачот, до самиот кернел, овозможувале хакирање на iPhone уредите по посетата на корисниците на хакирана страна.

Кратко кажано, корисниците на iPhone, се што требало е само да посетат некоја страна, по што искористувајќи ги пропустите во iPhone, се поставувал код којшто добивал администраторски пристап.

Од Google истакнуваат дека се работи за одредена бројка на веб страни, иако не ги набројуваат, кои имале илјадници посетители неделно, што значи не се работи за некои од најпознатите веб страни, но исто така оваа посетеност не е мала.

Пропустот во iOS е веќе исправен со надградба на системот уште во февруари кога и е откриен од страна на Google. Тоа значи дека сите корисници кои ја користат најновата верзија од iOS на своите уреди, веќе немаат никаков ризик, барем не од овој пропуст.

По добивањето на пристап до уредот, хакерите можеле да пристапат до контактите на корисниците, нивните разговори, податоци за локацијата, како и лозинките кои се чуваат на уредот преку сервисот од Apple.

Иако ова се нарекува еден од досега најголемите „хакови“ на iPhone, сепак не се истакнува за колкава бројка на загрозени уреди се работи. Исто така, не се знае од каде потекнува овој „хак“, иако според неговата софистицираност и ресурси, се верува дека е направен и одржуван од страна на некоја држава.

ИЗВОРMIT Tech Review
ИЗВОР 2The Hacker News
Претходна статијаHuawei нема да може да ги користи Google сервисите и апликациите во нивните нови телефони
Следна статијаОбјавени се агендата и листата на говорници на Втората конференција за е-трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.