Google

Именувањето на Android може да се каже дека беше посебен „настан“ за фановите на овој оперативен систем. До официјалното претставување на финалната верзија, Android обично имаше привремено, кодно име кое е првата буква од официјалното име, а тие одеа по редот на азбуката.

Исчекувањето и погодувањето кое е името кое почнува на конкретната буква, а стандардно од некој десерт, односно колач, беше посебен дел од чекањето на новата верзија, па сето тоа прекина оваа година кога Google реши да престане да користи имиња од десерти, па едноставно да ја користи само бројката на верзијата.

Android 10 се вика најновата верзија од оперативниот систем која официјално стана достапна минатиот месец, а според мене и време беше да се поедностави овој дел од системот. Сега корисниците може да се сигурни за која верзија од системот разговараат, на која е нивниот уред и слично.  

Чекањето за името на наредната верзија изгледа нема да биде како досега, па уште сега знаеме дека ќе биде Android 11. Google и самите го потврдија истото преку нивна апликација за конференција за програмери која ќе се одржи овој месец. Една од темите ќе биде „Preparing for Scoped Storage in Android 11“, со што јасно е како ќе се вика наредната верзија.

Како што беше најавено, кодните имиња ќе продолжат да се користат за програмерите, па тест верзиите од Android 11, кога ќе станат достапни, ќе бидат означени како Android R, буквата која е на ред по годинешната Q (Queen Cake).

Покрај името на системот, од најавата се гледа и една функција која ќе биде достапна во идната верзија, функција која требаше до сега да биде достапна, но беше одложена.

Scoped Storage функцијата е нов начин на организирање на информациите и датотеките кои апликациите можат да ги пристапат. Со тоа покрај подобрувањето на безбедноста, се најавува и подобрување на брзината на читање на податоците.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаSamsung со видео за проверка на „burn-in“ кај OLED телевизорите ќе се обиде да ви продаде QLED телевизор
Следна статијаМожно претставување на „лајт“ верзии од најдобрите серии на Samsung телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.