Нова функција како дел од Google Assistant која Google ја најави во септември, почнува да станува достапна за одредени телефони и може да се каже дека е навистина корисна, иако мала.

Функцијата официјално е наречена Ambient Mode и се вклучува кога телефонот е ставен да се полни. Во тој случај, на екранот се прикажуваат информации од типот на кој е наредниот состанок, кој е наредниот аларм или негово вклучување, а исто така од овој екран корисниците ќе можат да го контролираат и нивниот паметен дом.

За да екранот биде поинтересен, наместо само на темна позадина, може да се избере на него да се прикажуваат сликите од телефонот.

Вакво нешто дефинитивно може да биде корисно и интересно за корисниците кои го полнат својот телефон на „док“ безжично, па телефонот цело време е насочен кон нив. Кога веќе е таква ситуацијата, сигурно екран пополнет со информации е нешто што е подобро од само празен екран, кој евентуално го прикажува времето и иконите од известувањата.

Како изгледа оваа нова функција Google прикажува на видеото кое можете да го погледнете на почетокот од статијата.

Претходна статијаMicrosoft не планира да продолжи со видот на надградби каква што беше ноемвриската
Следна статијаFacebook Viewpoints е нова апликација која им плаќа на корисниците да учествуваат во анкети, задачи и истражувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.