Windows_Product_Family_9-30-Event-741x416

На настан кој што се одржа вчера во San Francisco, Microsoft ја претстави наредната верзија од нивниот Windows оперативен систем. Една од работите која што привлече многу внимание, а не е поврзана со функциите на системот, е новото име кое што иако очекувано да биде променето, сите ги изненади со прескокнувањето на една бројка во редоследот. Новиот оперативен систем кој што треба да би еден за сите видови на уреди е наречен Windows 10.

Windows 10 треба да биде достапен за корисниците од идната година, поточно во периодот после Build конференцијата која што се одржува во Април. Од денес ќе биде достапна Technical Preview верзија како дел од новата Windows Insider програма, наменета за програмерите и напредните корисници.

Новата верзија може да се каже дека ги исправа „грешките“ од Windows 8 и според многу е Windows каков што требаше да биде. Во Windows 10 се враќа Start менито кое што за корисниците на маус и тастатура ќе биде замена за Start екранот. Модерните апликации кои што ќе останат достапни, сега ќе се отвораат во посебен прозорец на десктоп околината. Исто така, воведена е можност за виртуелни десктоп околини, подобрено пребарување на Start менито и повеќе.

Од нивни причини, Microsoft реши да ја прекине праксата на пренесување на нивните настани во живо, па настанот можеа да го следат само присутните претставници на медиумите кои што беа поканети. Денеска од компанијата објавија видео на кое што можете да го гледате целиот настан, па во продолжение можете да видите како се одвиваше претставување вчера.

Претходна статијаWindows 10: Microsoft ја претстави наредната верзија од својот оперативен систем
Следна статијаПостигнат е подалечен пренос на информација користејќи ги принципите на квантната механика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.