Фото: HTNovo.net

Fluent Design кој е веќе дел од Windows 10 изгледа одлично и го чекаме времето кога повеќето апликации, од Microsoft, но и од другите програмери, ќе бидат направени во негов стил.

Истиот може слободно да се спореди со Material Design од Google, не толку во сличноста, колку во концептот којшто го опфаќа целиот оперативен систем и неговите апликации.

Дизајнот на корисничкиот интерфејс, покрај другите елементи, додава и одлична проѕирност на делови од прозорите на апликациите, што според мене прави Windows 10 да изгледа одлично.

macOS веќе повеќе верзии користат сличен стил и верувам дека нема кој не би се сложил дека барем тој дел од оперативниот систем е решен одлично.

Страната HTNova тврди дека го имаат изгледот на File Explorer од Windows 10, како што ќе изгледа идната година, односно со верзијата од системот која ќе стане достапна во првата половина од 2020.

Како што може да се види од сликата, „истражувачот на датотеки“ и редизајниран со Fluent дизајнот и изгледа одлично.

Покрај тоа, тој има неколку функционални промени кои ја носат оваа програма во модерното време. На горната страна се гледаат и Sets функцијата за табови која е одложена и се очекува повторно да биде воведена во некоја од тест верзиите на Windows 10.

Се надеваме дека Microsft ќе направи навистина вакво или некое слично решение за File Explorer затоа што истото изгледа одлично.


ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаПет Udemy курсеви што ќе ти помогнат во животот
Следна статија„Tech“ пионери и граѓанска непослушност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.