Според информации од The Information, Facebook планираат да развијат сопствен оперативен систем на кого би работеле нивните постојни, но и уреди кои ќе ги претстават во иднина. За таа цел тие го имаат ангажирано Марк Луковски кој има работено во Microsoft на развојот на Windows NT платформата.

Причината за развојот на сопствен оперативен систем е прилично едноставна. Од компанијата не сакаат да зависат од Google на чиј оперативен систем моментално работат сите уреди од Facebook.

Во сопственост на Facebook е познатиот Oculus, а тука е и уредот за видео разговори Portal кој беше претставен при крајот на минатата година.

Развојот на сопствен оперативен систем ќе им даде на Facebook целосна контрола на тоа како функционираат нивните уреди, како и што се е потребно за развој паралелно со развојот на уредите.

Ова секако не значи дека Facebook планира развој на мобилен оперативен систем, односно нивните апликации ќе продолжат да функционираат и ќе бидат достапни на Android и iOS.

Дали дефинитивно ќе биде претставен оперативен систем од Facebook, кој исто така може да биде развиен во соработка со некои партнери, не е до крај јасно, а посебно кога истиот би можел да се очекува.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаЛинкови за geek-ови
Следна статијаHuawei најавува нова верзија од Mate X со поцврст екран, побрз процесор и подобар механизам за преклопување на екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.