Screenshot 2014-09-30 20.11.13

Windows 10 стана достапен за корисниците во форма на тест верзија на 1-ви Октомври заедно со новата Windows Insider програма врз основа на која Microsoft планира да го изгради оперативниот систем до неговото официјално пуштање идната година. Надградби на оваа тест верзија беше најавено дека ќе има почесто, нешто што се најавува како начин на работа и на финалната верзија.

Пред 3 недели беше достапна првата надградба, односно нов build од Windows 10 кој што донесе центар за нотификации и уште неколку новини. Се разбира секоја нова верзија вклучува и повеќе заднински промени како подобрување на безбедноста и перформансите.

Оваа недела достапна е нова верзија од Windows 10 за корисниците која што ја менува бројката на bulid-от од 9860 на 9879. Исто како и претходната оваа верзија вклучува повеќе заднински промени, но и неколку нови функции.

Исто така да напоменам, надградбата на нови верзии од Windows 10 Technical Preview се прави преку PC Settings > Update and recovery > Preview builds, односно не преку стандардниот Windows Update процес. Од минатата верзија воведени беа две нивоа за надградба, односно побрзо и побавно. За да можете да ја инсталирате најновата верзија ќе треба да ја изберете Fast опцијата од drop down менито. Како и претходниот пат, така и сега, процесот на надградба е сличен како првото инсталирање, што значи ќе треба да почекате нешто повеќе од обичен update.

Новините во оваа верзија вклучуваат работи кои што се нови, но и такви кои што се променети врз основа на барањата на корисниците на оперативниот систем. Тие ги вклучуваат следните промени:

  • Можност за тргање и додавање на иконите за пребарување и task view од taskbar-от. Ова се прави преку менито кое што се појавува со десниот клик на taskbar-от

taskbar_hide_buttons

  • Нова анимација за минимизирање и максимизирање на прозорите
  • Замена на трите точки во горниот лев агол на модерните апликации преку кои што се вклучува charms лентата и други опции, со познатото на другите платформи хамбургер копче
  • Нови гестови за корисниците на тракпад кои што беа презентирани минатиот месец од страна на Joe Belfiore. Тие вклучуваат можност за вршење на одредени активности со користење на три прста, односно повлекување нагоре за task view, повлекување надолу за прикажување на десктопот, кратко повлекување на страна за менување на претходната апликација, повлекување лево или десно за alt + tab функцијата и притискање со прстите за пребарување
  • Избор кои фајлови да бидат зачувани локално од OneDrive. До сега автоматски беше избирано кои фајлови се локално достапни, а кои онлајн, меѓутоа сите беа прикажувани во папките, што било збунувачки за одредени луѓе кои мислеле дека сите тие фајлови се достапни и без интернет конекција. Сега може да се избере сите фајлови да бидат достапни или само тие кои што ќе ги изберете, со тоа што треба да се напомене дека тие што не се синхронизираат локално веќе нема да ги гледате во File Explorer. Ова според мене е дискутабилна одлука. Проверувањето на фајловите сега е можно само преку File Explorer

onedrive

  • Подобрувања во Internet Explorer и додавање на копче за брзо пријавување на проблеми

ie_send-a-frown

  • Поддршка за MKV фајлови директно од Media Player, како и нивна можност за пуштање на други екрани
  • Подобрување на корисничкиот итнерфејс и неколку нови икони
  • Дијалог информациите во модерните апликации сега се прикажани во посебен прозор, како што тоа се прави на десктоп, наместо досегашното прикажување на целата ширина од екранот

windowed-dialog

  • Иконата од центарот за нотификации е преместена кај tray иконите
  • Можност за закачување на папки во новиот Home дел од File Explorer

Извор: Microsoft, The Verge, ZDNet

Претходна статијаСподелете ги омилените спомени преку социјалната мрежа Memorate
Следна статијаSamsung го претстави Project Beyond, камера наменета за Gear VR
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.