Како што најавија минатата недела, од денес официјално завршува поддршката за трите постари верзии од Internet Explorer, односно верзиите 8, 9 и 10.

Ова значи дека корисниците на овие верзии од денеска, па натаму, нема да добиваат сигурносни надградби и други видови на закрпи, како и техничка поддршка. Доколку продолжат да ги користат овие верзии од прелистувачот, тие се изложуваат на потенцијални сигурносни проблеми од страни со малициозен софтвер и слично.

Корисниците од денеска ќе почнат да добиваат известување кое што ќе ги потсетува да ја инсталираат најновата верзија од прелистувачот, односно Internet Explorer 11. Оваа верзија е достапна на верзиите од Windows на коишто се достапни постарите верзии, па корисниците би немале никакви проблеми, односно се што треба е да ја инсталираат најновата верзија која што е достапна и преку Windows Update.

Бројот на корисници кои што се’ уште користат некоја од овие три верзии од Internet Explorer не е мала. Според одредени статистики овие прелистувачи заедно имаат околу 20% пазарен удел кај корисниците.

windows8screen_2

Од денеска и Windows 8 престанува да добива поддршка, односно веќе нема да добива сигурносни надградби. Иако оперативниот систем е прилично нов, верзијата 8.1 се смета како надградба, односно Service Pack, а не нова верзија од оперативниот систем, па соодветно 8-цата нема зошто да продолжи да биде поддржувана.

За разлика од другите верзии, Windows 8 поради слабата популарност нема нешто посебно голем број на корисници, а повеќето веќе имаат направено надградба на Windows 8.1. Оваа верзија може слободно да се каже дека воведе новости коишто исправија доста од критиките за системот.

За потсетување, корисниците имаат до ова лето бесплатно да го надградат својот Windows 7, 8 или 8.1 систем на Windows 10.

Извор: Engadget, TNW, PCWorld

Претходна статијаLG претстави OLED дисплеј тенок колку хартија, кој може и да се витка како весник
Следна статијаTinder користи алгоритам за оценка на „пожелноста“ на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.