iphone-6-iphone-6-plus-analisis-1

Доколку користите било кој систем за инстантни пораки, како што е Skype, на пример, сигурно константно ги користите статусните пораки и Busy или Away режимите на работа на клиентот.

Иако сè што можеме да дознаеме е од протечен патент кој Apple го има патентирано, навидум изгледа дека уредот кој го користите ќе испраќа одредени податоци кон одреден сервер, кои потоа можат да бидат видени од страна на тој што сака да изврши повик кон вашиот уред. Практично тие податоци ќе го постават вашиот статус.

Ова може да има импликации за нарушување на приватноста, ама од друга страна да помогне при избегнување непосакувани повици. Со тоа што уредот ќе испраќа информации за нивото на вашата батерија, дали вашиот телефон е ставен на авионски режим, вашата локација, статус на ѕвонење и вибрации, Apple практично ќе знае каде се наоѓате во секое време и практично што правите.

Истите овие податоци ќе бидат прикажани (или во форма на сет податоци или генериран статус) во именикот на тој што сака да ве повика (сè уште не е јасно како ова ќе функционира за броевите кои ги имате на брзо бирање) и ќе биде оставено на повикувачот да одлучи дали да ве повика.

Дали се тоа информации кои вие би ги споделиле со остатокот од светот?

Извори: Engadget, USPTO

 

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.