01_World's-First-Cellular11_dt

Android Wear оваа недела добива поддршка за поврзување со мобилните мрежи, а со тоа и можност да функционира како целосно независен „телефон“. Се разбира, за да можете да го користите вашиот паметен часовник како телефон, ќе треба да имате таков кој што доаѓа со простор за вметнување на SIM картичка.

Таков часовник кој што работи на Wear платформата моментално нема, а првиот ќе биде претставен од LG, односно втората генерација од Urbane моделот, LG Watch Urbane 2nd Edition.

LGUrbane_blog

Од блогот на Google може да се заклучи дека сепак оваа можност на часовниците нема да биде наменета да тие цело време се користат независно. Можноста за поврзување на мобилните мрежи ќе се наоѓа корисна во ситуации кога нема да го имате вашиот мобилен телефон во близина, па ќе можете да продолжите да го користите часовникот целосно како да е тука мобилниот.

Иако се чини како одличен додаток, се поставува прашањето дали на паметните часовници им се потребни додатни чипови, како и можности, кога технологијата на батериите воопшто нема напредок. Голем број на корисници се’ уште го одложуваат купувањето на паметен часовник баш поради оваа причина, односно додавање на уште еден уред на кого треба да се мисли секојдневно да биде наполнет.

Добивањето на независна конекција на паметните часовници ќе значи нивно почесто користење, а со тоа и почеста потреба од полнење.

Од друга страна, корисниците во ваков случај ќе треба да имаат дополнителна SIM картичка за која што би требало да плаќаат посебна претплата, доколку не се овозможи една претплата за двете картички.

Како и да е, на оваа можност секако треба да се гледа позитивно, а предностите ќе можат да се видат постепено со развојот на производите во текот на годините.

Извор: Google

Претходна статијаЗголемен бројот на барања до Facebook за кориснички информации или тргање на објави
Следна статијаFacebook Notify – Нова апликација за подобро следење на новости
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.