Со претставувањето на Infinity Flex или можеби поточно би било да кажеме, со неговата најава, Samsung официјално го потврди влегувањето на новиот пазар на уреди со еластичен екран кој може да се превиткува.

Овој екран е основата на која ќе биде направен уредот од Samsung на превиткување, кој иако се надевавме дека ќе биде претставен овој месец, сепак го најавија за идната година. Името на уредот се’ уште не е познато, а во јавноста неофицијално е познат прво како Galaxy X, а потоа и како Galaxy F.

Работата на ваквите уреди бара одредено прилагодување и на работата на софтверот, односно оперативниот систем и апликациите. Уредите на превиткување ќе овозможат користење како смартфон, меѓутоа по нивното отворање се добива поголем уред со големина на еден помал таблет компјутер.

Android, како оперативниот систем на којшто работат уредите од Samsung, како и повеќето други, ќе добие поддршка за ваквите уреди. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ги користат тие уреди и да очекуваат прилагодено корисничко искуство, наместо само зголемување на екранот при промена на режимот.

Samsung веќе најави нов начин на вклучување на повеќе апликации една до друга, а поддршката за ваквите уреди подразбира и на пример промена на форматот на апликацијата од помал, во поголем таблет формат.

Иако Android веќе има поддршка за таблет компјутери и соодветна големина на екранот, сепак директната промена на истите во реално време додека уредот се користи, баш на овој начин, досега не беше стандардно.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.