Android

Можноста некој да ја „киднапира“ вашата камера со цел да ве шпионира стана особено популарна по филмот Snowden. Иако е сосема возможна, малку е практична во вистинскиот живот, особено ако се мисли на камерата на вашиот мобилен телефон.

За да се исклучат можностите од секакви шпекулации, Google реши да застане на патот на овој проблем. Новaтa верзија од Android оперативниот систем, која е се’ уште во разработка, Andriod P, ќе вклучува код кој ќе влијае токму на тоа. Моментално неофицијалнo наречениот „Ф’стак сладолед“ ќе им забранува на апликациите кои не се директно во функција на корисникот да ја користат камерата и микрофонот на уредот.

Доколку апликација која е вклучена само во позадина се обиде да ја употреби вашата камера, Android ќе ја исклучи и ќе ви прикаже типична порака која се појавува при т.н. crush. Што се однесува до микрофонот, апликацијата нема да биде исклучена, но ќе биде оневозможена ефективно да ги користи податоците кои се снимени.

Android P е се’ уште во фаза на разработка и развој. Па, со оглед на тоа и не постојат некои официјални изјави на оваа тема. Меѓутоа, од Google не ја кријат намерата да понудат поголемо ниво на безбедност и приватност за своите корисници. Со ваквите чекори, можеби нема да се спречи комплетно можноста за шпионажа и злоупотреба на податоци. Но, во секој случај ќе се отежне пристапот до приватноста на корисникот.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 29to5 Google
Претходна статијаЛегендарната „Банана“ на Nokia се враќа на пазарот
Следна статијаМакедонски Телеком најави прототип на „смарт“ маски за заштита од загадување