Корисниците на уреди со оперативен систем Android 8.1 отсега се побогати за уште една одлична функција. Како што соопштија од Google, популарниот Oreo отсега ќе ја покажува брзината на Wi-Fi мрежите пред воопшто да се поврзете на истите.

Вашиот Android ќе ви покаже дали воопшто вреди да се поврзувате на одредена мрежа преку 4 различни „етикети“. Па така, брзината може да биде Very Fast, Fast, Ok или Slow. Според критериумот на Google сосема задоволителна брзина за комерцијална употреба е обележена како Ok. Брзини над 5Mbps се сметаат за Fast и Very Fast, каде Very Fast ќе значи дека практично можете да stream-ate во HD. За мрежите заштитени со лозинка нема да се прикажуваат никакви информации од логички причини.

Одлична алатка во вашите раце ако се наоѓате на аеродром или друго фреквентно место, а имате итно потреба од интернет. Ќе ви заштеди неколку важни секунди или уште подрагоцени проценти батерија. Ако од некоја причина не сакате Google да ве информира за брзината на мрежите, можете да ја исклучите опцијата во делот за поставки.

Извори: The Verge, ExtremeTech

Претходна статијаСтив Јеге: Google повеќе не е компанија која иновира
Следна статијаРСБСП: Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината