Shutterstock.com

Веќе одамна една од главните „маки“ на Google е неможноста да ги организира производителите да побрзо ја пуштаат најновата верзија од Android кај своите корисници. Кога на тоа ќе се додаде дека и само на мал број од поновите модели производителите им овозможуваат да ја добијат, иако подоцна, најновата Android верзија, состојбата на пазарот е прилично „хаотична“.

Во споредба со Android, Apple воопшто го нема тој проблем. Тие со години веќе уште во првите месец дена имаат инсталација на најновата верзија од околу 50%, па ситуацијата е прилично чиста.

За да бидеме реални, сепак треба да се истакне дека Apple имаат по три модели секоја година, во најдобар случај, додека Android уреди има, не знам, стотици, па споредбата можеби и не е толку возможна помеѓу овие две платформи.

Тоа што е поентата на ваквите споредби сепак е да се потсетат производителите на Android уреди дека сепак можат да овозможат да состојбата не биде до толку лоша. Тие треба да ја пуштаат најновата верзија од Android многу побрзо, а не дури и 6 месеци подоцна, а треба да почнат надградбата да ја овозможуваат и за постарите модели, а не само за тие од година до две во моментот на пуштање.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.