Еден од поголемите „проблеми“ кои Google никако не може да ги реши кај Android оперативниот систем, се неговите надградби. Познат е проблемот со фрагментираноста, како што се нарекува, а тоа е така поради постоењето на голем број на уреди и производители на уреди.

Иако функциите кои ги има оперативниот систем се исто така важни, сепак безбедносниот дел е поважен, па за функциите не е проблем да се остави да се чека на производителите.

Google успеа изминатите години да ги „натера“ производителите почесто да ги пуштаат безбедносните надградби кои сега се достапни секој месец, но со Android Q има нов начин којшто ќе овозможи да никој не може да не ги добие потребните надградби.

Почнувајќи од верзијата на Android која ќе стане достапна официјално до крајот на годината, 12 делови, поделени во 3 категории, од оперативниот систем ќе почнат да се надградуваат преку Play Store како да се било која друга апликација.

Со тоа, надградбата нема да бара ни рестартирање на уредот, а исто така нема да зависи од производителите. Google ќе ги пушта овие надградби кога ќе бидат спремни, па ако не друго, корисниците ќе можат да бидат сигурни дека ќе го имаат најновото кога е во прашање безбедноста и приватноста на нивниот уред.

Од Google имаат направено обид да повеќе делови од системот се надградуваат на овој начин, меѓутоа на крајот со производителите се имаат договорено за овие 12 делови.

Android е систем со отворен код кој работи на огромен број на уреди. Повеќето производители прават измена на системот и додаваат свои делови, како различен кориснички интерфејс, системски апликации, но и поддршка за многу функции кои може ги нема на системот.

Поради ова, повеќето уреди кои се користат скоро е невозможно да бидат на најновата верзија од Android, па издвојувањето на клучните делови од системот во посебен начин за надградба, ќе направи многу на овој план.

Доколку добро ја разбирате оваа тема технички, повеќе детали за новиот начин на надградба можете да прочитате на овој линк, а видеото во продолжение ги објаснува работите за секој да може да ги разбере.

Претходна статијаWindows 10 ќе доаѓа со сопствен Linux Kernel
Следна статијаGoogle Maps ќе добие „инкогнито режим“ за подобрена приватност на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.