nexus2cee_nav_final-01_thumb

Според неофицијални извори на порталот Android Police, Google спрема нов дизајн на копчињата за навигација кои ќе ги претстави во финалната верзија од Android N која треба да биде достапна оваа есен.

Се работи за трите копчиња кои се наоѓаат на лентата на долниот дел од екранот, копчиња кои во главно кај поновите модели се софтверски, па може да бидат различно дизајнирани. Тие во главно и различно изгледаат кај различните модели на смартфони, а кај одредени достапна е и можност за избор од повеќе дизајни.

Во овој случај, доколку информациите се покажат како точни, редизајнот ќе биде достапен во главно кај Nexus уредите кои работат на основата верзија од оперативниот систем. Според информациите, не е познато дали новиот дизајн би бил и ексклузивен за Nexus уредите, односно тие кои треба да бидат претставени оваа година или ќе може да го користат и другите.

Сликата на којашто е прикажан новиот дизајн не е дојдена од изворите, односно истата е направена од страна на Android Police врз основа на информациите кои ги имаат добиено. Тие исто така истакнуваат дека home копчето треба да има анимација при подолго негово притискање.

Оваа промена во Android секако не е меѓу поважните, но не би поминала незабележано со оглед на фактот што трите копчиња се нешто што корисниците цело време го гледаат и користат на нивните телефони. Промена во дизајнот би претставувала добро освежување на новата Android верзија.

Извор: Android Police, TechnoBuffalo

Претходна статијаGalaxy Note 7 ќе има 64 GB простор и IP68 водоотпорност
Следна статијаХабл вселенскиот телескоп доби 5 дополнителни години на функционирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.