image00

Google оваа недела ги пушти последната верзија од Android M Preview за програмерите, заедно со Android 6.0 SDK алатката. Меѓутоа најважно, Google го објави името кое што ќе го носи оваа верзија од оперативниот систем, а тоа е Marshmallow.

Како и секоја верзија од Android, така и Marshmallow доаѓа со неколку нови позадини кои што ќе им бидат достапни на корисниците, односно по инсталирањето на официјалната надградба на нивниот уред.

Сепак, додека повеќето корисници имаат шанса да ја инсталираат новата верзија од Android, освен ако не се спремни да ја инсталираат Preview верзијата, може да помине доста време.

Доколку сакате да ги симнете новите позадини од Marshmallow пред пуштањето на официјалната верзија, истото можете да го направите во продолжение.

Симни ги сите позадини од Android 6.0 Marshmallow

Претходна статијаFossil го претстави својот прв Android Wear паметен часовник
Следна статијаAsus лансираше нов ZenPad S 8.0 премиум таблет со 8 инчен екран и 4 GB рам
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.