Процесот на надградба на Android апликациите ни е познат на сите. Се отвора продавницата за апликации, односно Play Store, од каде се гледа листата со апликации за кои има понови верзии. Play Store има и опција која овој процес го прави автоматски секогаш кога телефонот е поврзан на Wi-Fi мрежа, па очекувањата се дека повеќето корисници ги имаат најновите верзии од апликациите кои ги користат.

Сепак тоа изгледа не е баш така случајот, па голем дел од корисниците го исклучуваат автоматизираниот систем, а самите многу ретко проверуваат дали има надградби.

Google со цел да го подобри процесот на надградба на апликациите ќе го направи повеќе сличен на тој на којшто сме научени на нашите компјутери. Новиот систем којшто го тестираат од компанијата со ограничен број на партнери е наречен in-app updates API.

Овој систем во основа овозможува надградбата на апликацијата да може да се провери и направи преку самата апликација без потреба од отворање на продавницата за апликации. На овој начин програмерите ќе можат да ги известат корисниците додека ја користат апликацијата дека за истата има нова верзија, па корисниците да притиснат да ја инсталираат.

Системот ќе им овозможи на програмерите два начина на надградба на апликацијата. Првиот начин ќе го прекине користењето на апликацијата и истата ќе се надгради по што ќе продолжи да работи (immediate in-app update). Овој начин е замислен за надградбите кои се поважни и вклучуваат одредени безбедносни промени.

Вториот начин е тој што и позначително ќе го промени начинот на којшто се надградуваат апликациите на Android (flexible in-app update). Корисникот ќе може да притисне да почне надградбата на апликацијата, меѓутоа истото ќе се случува во позадина, а апликацијата ќе може да се користи. Надградбата ќе се случи дури по рестартирањето на апликацијата.

Новиот систем, односно in-app updates е во тест фаза, па не е познато кога ќе им биде овозможен на сите програмери, па и ние како корисници кога ќе може да почнеме практично да го користиме. Верувам дека времето на чекање ќе биде неколку месеци, па оваа промена ќе ја видиме идната година.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПовелете „Во светот на Физиката“ во Скопје Сити Мол
Следна статијаКога ќе биде претставен, како ќе се вика и која ќе биде цената на смартфонот од Samsung со екран на превиткување?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.