AndroidPixelSideBySide2

На Google I/O 2014 конференцијата која што се одржа овој Јуни, Google најави дека е во развој на посебен Runtime со кој што ќе се овозможи работа на Android апликациите на исто така нивниот Chrome OS. Програмерите на Android апликации, како што најавија од Google, ќе треба да направат само мал број на промени за нивните апликации да можат да работат на Chrome оперативниот систем. Овие апликации ќе можат да се користат исто како апликации направени специјално за овој систем, односно ќе имаат пристап и до хардверот, што значи дека ќе може да се користи камерата, да се зачувуваат фајлови и слично.

Денеска Google ги претстави првите четири Android апликации префрлени на Chrome OS, односно Duolingo, Vine, Evernote и Sight Words. Во почеток Google ќе работи со програмерите за префрлување на нивните апликации, односно нема се’ уште секој кој што сака да го направи тоа. Ова е разбирливо со оглед на фактот што функцијата е во тест фаза, нешто што секогаш вклучува помал број на програмери.

Можноста за користење на Android апликации на веќе и така популарниот Chrome OS ќе овозможи за уште поголемо прифаќање на системот од страна на корисниците. Android продавницата има огромен број на апликации, па доколку само дел од нив за почеток преминат на Chrome OS, тоа ќе биде голем успех за системот. Ова е нешто што сигурно ќе ги натера и Microsoft да го забрзаат донесувањето на повеќе апликации на нивните се’ уште не толку популарни платформи Windows 8 и Windows Phone 8.

Во продолжение можете да го погледнете делот од презентацијата на Google I/O каде што се најавува достапноста на Android апликациите на Chrome OS.

Извор: Google Chrome Blog, Engadget

Претходна статијаViber воведе видео повици за корисниците на Android и iOS
Следна статијаУште едно неофицијално видео од Windows 9, ја покажува работата со повеќе десктоп околини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.