Иако оваа вест беше најавена за почетокот од идната година, сепак од Samsung решија порано да го почнат официјалното надградување на Galaxy S9 уредите на најновата верзија од Android, 9.0 Pie.

Надградбата беше достапна во бета верзија, а сега е официјално достапна во својата финална верзија за сите корисници во Европа. Како и обично, достапноста е постепена, па ќе треба да причекате неколку дена за да ја добиете, но доколку ве интересира, проверувајте од време на време во Software Update.

Покрај новините и придобивките од Android 9 Piе, корисниците на Samsung, односно во овој случај на S9, ќе го добијат и новиот кориснички интерфејс од компанијата, специјално развиен со акцент за користење со една рака, One UI.

Овој нов кориснички интерфејс има освежен дизајн, направен е да полесно се користи со една рака, а вклучува и темна тема која треба да придонесе за помало трошење на батеријата кај AMOLED екраните, но и помало оптоварување на очите навечер. Повеќе за One UI можете да прочитате тука.

ИЗВОРSamMobile
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаТоп 5 филмови/серии во 2018 година
Следна статијаНаизменично постење: Хак за слабеење кој не знаеше дека постои
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.