android kitkat logo

Google веќе неколку пати изненадува со надградбите што ги објавува за својот мобилен оперативен систем Android. Круговите што се занимаваат со гласини и предвидувања за што следно ќе излезе како официјална надградба, веќе 2 пати грешат очекувајќи ја најавата на Android Key Lime Pie. Некои сметаа дека тоа ќе биде 5-тата верзија на Android, додека други 4.3 или 4.4. Најновите гласини, пак го побиваат ова очекување со најавата на Android 4.4 KitKat. Оваа верзија се очекува да биде претставена во Октомври заедно со новиот мобилен Nexus 5.

За Nexus 5 се очекува да има 5 инчен екран со Full HD резолуција, Qualcomm quad-core Snapdragon 800 процесор, целосна LTE поддршка, 13 мегапикселна камера, батерија со 2,300 mah, како и Android 4.4 оперативен систем.

Дали ќе се остварат и колку овие гласини останува да видиме во наредниот период.

Претходна статијаiTunes Радио
Следна статијаHP спрема нов Chromebook 14 базиран на Haswell
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.