Познатата компанија која ја започнува својата работа во Израел пред 26 години, Check Point, има откриено нов Android вирус којшто му го дава интересно име „Agent Smith“. Оваа компанија им е на повеќето позната по нивниот ZoneAlarm Firewall којшто е еден од најдобрите на пазарот.

Од компанијата објаснуваат дека Agent Smith искористува можност за пристап до Android уредите поради одредени слабости во безбедноста на системот, по што инсталира малициозен код. Овој код потоа го презема системот за надградба на апликациите со што успева да вметне свој код во некои од најпознатите апликации на оваа платформа.

Од тука и доаѓа името на вирусот, односно исто како во Matrix филмот, Agent Smith има за цел да се прошири на што повеќе места, со тоа што ги презема целосно.

Засегнатите апликации, потоа прикажуваат реклами, што во сега за сега тоа не е проблем каков што би можело да биде. Хакерите кои го инсталираат овој код, можат да добијат многу поголем пристап до уредот и да искористат други работи.

Рекламите кои се прикажуваат генерираат приходи кои тие ги искористуваат за нивните потреби и ширење на работата.

Инсталацијата на малициозниот код се прави преку симнување на апликации, најчесто игри и други, надвор од Play Store, апликации кои го содржат основниот код од хакерите.

Според Check Point, засегнати досега се околу 25 милиони уреди, од кои повеќето се од Индија, па шансите дека некој наш корисник е засегнат се многу мали. Шансата за тоа дополнително се намалува доколку се користи само Play Store за инсталација на апликации, односно тие не се инсталираат од други страни или други продавници за апликации.

Како што беше случајот толку години за Windows, со популарноста на Android, овој оперативен систем веќе е мета на многу хакери, што значи дека се препорачува и на мобилните да се користи некое од достапните анти-вирусни решенија, а доста од нив се и бесплатни.

ИЗВОРCheck Point
ИЗВОР 2The Forbes
Претходна статијаAmazon побара дозвола да постави повеќе од 3.000 сателити во орбитата на Земјата за обезбедување на интернет пристап
Следна статијаОбјавени првите „официјални“ слики од Samsung Galaxy Note 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.