HT5668_03-ios_7-find_my_iphone-lost_mode-track_location-en

Гигантот Apple на својата колекција на алатки за безбедност на интернет за iCloud објави и нова функција, дел од Activation Lock, која ќе им дозволи на корисниците да проверат дали некој користен iPhone претходно бил украден. Овој сервис исто така е достапен и за луѓето што поседуваат iPad и iPod touch.

Пред било што да можат злонамерниците или било кој друг да направи на телефонот и податоците во него, со помош на Activation Lock ќе мора прво да бидат внесени Apple ID и лозинката пред да се исклучат опциите што би  му помогнале на корисникот да го лоцира уредот и да ги направи потребните чекори за да ги спаси своите податоци.

Корисниците на веб-страницата ќе треба да внесат податоци како што е IMEI на уредот или пак серискиот број, кој потоа ако е вклучен Activation Lock се проверува од системот во внатрешна датабаза.

iphone_5s_enter_passcode_hero

За да биде безбедноста уште повисока новата опција Send Last Location е исто така одлична доколку треба да се дознае последното место на кое бил вклучен уредот.

Ова претставува повеќе од одлична алатка за оние што купуваат веќе користени уреди , а за да можат да ја користат секако ќе мора оваа опција најпрво да им биде подесена за нивниот налог.

Надлежните одделенија на полицијата во САД потенцираат дека со низата подобрувања во безбедноста на телефоните, истовремено значително е намалена и кражбата на iPhone во првите пет месеци од 2014 година. Оваа опција беше претставена уште со iOS 7, а треба да помогне во превенција од кражба и заштита на изгубени iOS уреди.

Извор: Engadget, Apple

Претходна статијаWindows 95 и 98 виновни за новото име на оперативниот систем
Следна статијаKim Dotcom ја напушти неговата Baboom: „Музичката индустрија ме мрази“