Ваквите појави се можеби многу ретки кај нас, но САД може да се каже дека се познати по “глупостите” што ги прават одредена група на луѓе, која и не е така мала.

Изминатиот период во САД стана популарно да се објави видео од предизвик мотивиран од Netflix филмот “Bird Box”, во кој главните карактери мораа да си ги покријат очите за да не го видат “суштеството”, кое никогаш не го ни покажуваат во филмот, па не е сигурно што е. Тие што ќе го видат суштеството веднаш се самоубиваат, а да не го откривам филмот целосно доколку го немате гледано.

Голем број на луѓе почнале да се снимаат себе како одат со врзани очи низ својот стан, надвор, па дури и како возат автомобил. Поради тоа дури и Netflix мораше да се огласи преку Twitter и да побараат од гледачите да престанат со опасното однесување кое многу лесно може да доведе до повреди, па и полошо.

Поради се почестото објавување на вакви видеа, а изгледа Bird Box беше и последната “капка”, YouTube посебно ги стави ваквите предизвици и шеги како видеа кои се забранети според правилата на мрежата.

Корисниците кои ќе објават вакво видео, истото ќе им биде тргнато, но тие имаат 2 месеци период во кој нема да имаат последици, односно нивната сметка нема да има последици.

Прашање е дали оваа мерка ќе може да придонесе до намалувањето на вакви видеа, кои реално се опасни, а во исто време, колку ова ново правило ќе биде па злоупотребувано за отстранување на “нормални” видеа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаMicrosoft работи на поддршка на Windows 10 за уреди на превиткување
Следна статијаNike Adapt BB се нови паметни патики наменети за кошаркарите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.