Иако таблет компјутерите, кои во главно работат на iOS и Android платформите, имаат YouTube апликација која е една од најмногу популарните во продавниците, сепак изгледа статистиките на Google покажуваат дека голем дел ја користат страната преку веб прелистувач.

Промените коишто беа направени на YouTube при крајот на минатата година веќе овозможија подобра прегледност и работа на екраните на допир, иако тоа не беше главната цел на новините.

Сега, YouTube добива неколку новини кои се специјално направени за корисниците кои пристапуваат до страната со уреди со екран на допир, а истите треба да ја олеснат работата.

Трите точки кои се појавуваат кога ќе се помине со глувчето на секое видео од листата, сега ќе бидат цело време вклучени, па корисниците ќе можат лесно да пристапат до тоа мени. Исто така, додадени се нови гестикулации за вклучување на видео на целиот екран или враќање во помала форма.

Промените исто така вклучуваат подобрување во „скролањето“ по страната, како и зголемување на иконите што треба да овозможи полесно притискање со прстот на истите.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаДржавата губи на акциза, а животната средина плаќа – Екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот
Следна статијаОфицијално претставена апликацијата StopKorona!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.